Top Sport

„Јорганџиите“ на Симеоне со пресврт го потопија Еибар во „фото-финиш“ (видео)

Мадридски Атлетико беше пред амбисот, но успеа да се издигне и со комплетен пресврт да слави домашна победа против тимот на Еибар со 3-2. Со оваа победа „јорганџиите“ предводени од Диего „Чоло“ Симеоне се први на табелата по 3 кола.
Изненадувачки, Еибар имаше предност од 0-2 по само 20 минути игра, со головите на Чарлс и Абриља.

Сепак младиот Жоао Феликс во 27 минута ја намали негативата на 1-2, но тоа беше резултатот по првото полувреме.

Во вториот дел комплетен пресврт. Уште на почетокот на вторите 45 минути, во 52 минута Витоло носи израмнување 2-2.

Харој кај мадриѓаните е Томас Парти кој влезе во игра во 84 минута. Само 6 минути подоцна, во последната минута од мечот погоди за 3-2 и нови три бода за домашните.

Scroll to Top