Top Sport

Федерер за 82 минути го „размонтира“ Гофан за четвртфинале на САД опен

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер убедливо го совлада Белгиецот, Давид Гофан и си обезбеди влез во четвртфиналето на САД опен. Швајцарецот за 82 минути игра, со 3-0 го среди Гофан, или по гемови 6-2 6-2 6-0.

Федерер апсолутно доминираше на теренот иако Гофан добро го започна мечот, направи брејк и поведе со 2-1 во првиот сет. Сепак, тоа беше се од него на денешниот меч.

Роџер во негов, препознатлив стил правеше брејк на сервисот на 15-тиот светски тениски рекет и стигна до убедлив триумф.

Швајцарецот во борбата за влез во полуфиналето на гренд-слемот силите ќе ги одмери со бугарскиот тенисер, Григор Димитров кој славеше победа со 3-0 против Австралиецот Алекс Де Минор. По сетови 7-5 6-3 и 6-4.

Кај дамите Серена Вилијамс обезбеди четртфинале откако брзо и лесно со 2-0 (6-3 и 6-4) славеше против Петра Мартиќ, додека влез во следната рунда има и за Британката Џоана Конта која со 2-1 (6-7 6-3 и 7-5) ја совлада Каролина Плишкова од Чешка.

Scroll to Top