Top Sport

Погба се повреди и се повлече од француската репрезентација

Лошиот старт на сезоната за Манчестер јунајтед може да стане уште полош, откако Пол Погба се повлече од француската репрезентација и може да пропушти уште некој натпревар од Премиер лигата.

Погба одигра 90 минути при 1:1 ремито со Саутемптон во саботата, но на крајот на мечот беше забележано дека има повреда и тој остана во Манчестер за да ги заврши медицинските тестови. Сериозноста на повредата не е извесна, но од Јунајтед очекуваат тој да е подготвен за следниот меч на Јунајтед против Лестер на 14 август.

Францускиот селектор, Дидие Дешам, го потврди повлекувањето на Погба и на негово место го повика Матео Гендузи од Арсенал. Франција игра со Албанија и Андора.

„Не знаеме каква е состојбата, ги чекаме резултатите“, изјави Дешам.

Scroll to Top