Top Sport

Саво Милошевиќ уште две години во Партизан

Саво Милошевиќ потпишал две годишен договор со фудбалскиот клуб Партизан. Челниците на црно-белите решија да му го доверат тимот на Милошевиќ откако минатата сезона го освои Купот на Србија, а минатата недела избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

„Милошевиќ ја има целосната доверба од Управниот одбор на ФК Партизан, претседателот Милорад Вучелиќ и генералниот директор Милош Вазура, кој официјално го потпиша договор со тренерот“, соопштија од клубот.

Прославениот српски фудбалер на чело на Партизан застана во март оваа година и за релативно кратко време успеа да го стабилира тимот.

Претходно тој беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Scroll to Top