Top Sport

Рамос и Роналдо „веслаат во иста насока“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека тој и Кристијано Роналдо имаат различни мислења за различни теми, но дека остануваат добри пријатели и дека „веслаат во иста насока“.

Последните недели имаше шпекулации за „искри“ во соблекувалната на „Лос бланкос“, откако Роналдо наводно сметал дека тимот е ослабен по заминувањето на Хамес Родригес, Алваро Мората и Пепе, додека Рамос се налутил на ваквата оценка. Сега, Рамос вели дека вестите за раздор се невистините.

„Ништо не се случи со мене и Крис. Секогаш сме биле добри пријатели. Двајцата имаме посебен карактер, и различни мислења, но дефинитивно весламе во иста насока“, вели Рамос.

Шпанскиот репрезентативец по 0:0 ремито со Атлетик Билбао вели дека сезоната е уште „млада“.

„Реми за Реал Мадрид е како вистинска криза. Затоа треба да останеме смирени и да се фокусираме на целта. Можеби немаме најдобар старта на сезоната, но во борба сме за сите трофеи“, вели Рамос.

Марка: Врие во соблекувалната на Реал

Scroll to Top