Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски до крајот на годината нема да биде во комбинација за настап во тимот на Палермо, чиј е капитен и најдобар стрелец.
Според информациите од Италија, Несторовски има истегнување на мускулот, повреда која бара мирување помеѓу три и четири недели.
Несторовски сигурно нема да биде во тимот на Палермо на натпреварите против Бари, Тернана и Чезена, а веројатно ќе го пропушти и дуелот со Салернитана кој ан програмата е на 28.декември.
Палермо по 17 натпревари во Серија Б се наоѓа на делба на првата позиција заедно со Бари и Парма. Несторовски е прв стрелец на тимот со 10 гола.