Top Sport

Трагедија во семејството на легендарниот Кафу

Семејството на Маркос Кафу, еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот е во длабока така, поради смртта на најстариот син.

Данило Фелисијано (30) починал од срцев удар, во семејниот дом во Баруера, додека рекреативни играл фудбал.

Лекарите на итната медицинска помош констатирале смрт додека 30 годишникот го пренесувале во болницата „Алберт Анштајн“ во Алфавил.

Данило Фелисијано зад себе ги оставил сопругата и шест годишната ќерка.

Маркос Кафу е легенда на Бразилскиот фудбал, капитен на репрезентацијата која во 2002 година ја освои титулата на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Тој одиграл 142 натпревари за Бразил ѝ е апсолутен рекордер во својата земја. Во кариерата играл за Сао Паоло, Сарагоса, Палмеирас, Рома и Милан.

Scroll to Top