Легендарниот Диего Армандо Марадона би можел да стане тренер на Химназија Ла Плата. Адвокатот на славниот Аргентинец, Матијас Морла, открил дека договорот би можел да биде постигнат во наредните денови.
„Многу време помина откако последен пат беше во аргентинскиот фудбал. Останаа да се решат само некои формалности, очекуваме дека работата наскоро ќе биде завршена. Постојат 80 отсто шанси да го заклучиме договорот“, рекол Морла за „ЕСПН“.
Марадона е без ангажман од јули оваа година кога, поради операцијата на коленото и рамото, замина од клупата на мексиканскиот фудбалски клуб Дорадос.
Химназија во моментов се наоѓа на последното место на табелата во аргентинското првенство. Во првите пет кола овој клуб освоил само еден бод.
Марадона како тренер работел во Расинг, Ал Васл, Фуџаирах, Динамо Брест и Дорадос, а од 2008 до 2010 бил селектор на Аргентина.