Top Sport

Дембеле останал во Барселона за да ја освои Златната топка

Звучи како шега, но Усман Дембеле одбил да се пресели во Пари Сен Жермен бидејќи во Барселона имал повеќе шанси во иднина да ја освои Златната топка, пишува „Лекип“.

Во текстот посветен на крилниот напаѓа пишува дека тој имал голема самодоверба и дека не се плашел од конкуренција во тимот на Барселона, дури и преодниот рок во тимот да пристигнел Нејмар.

Од пристојност тој решил да разговара со тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, со кого имал успешна соработка во Борусија Дортмунд.

Демебле сметал дека доколку го заобиколат повредите бргу ќе избори место во стартниот тим на Барселона.

„Тој ја сонува Златната топка и верува дека може да ја освои во Барселона каде е многу полесно да се освои Лигата на шампионите“, пишува „Лекип“.

Scroll to Top