Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, рекол дека неговата екипа не потфрлила оваа сезона во Лигата на шампионите. Атлетико не успеа да мине во нокаут фаза, во конкуренција на Челси и Рома и натпреварите ќе ги продолжи во Лига Европа.
„Не потфрливме. Вакви работи се случуваат. Дававме се од себе за да победуваме и да се пласираме во наредната фаза. Во фудбалот најбитна е ефиксноста, поважна од поседот или тактиката. Ние тоа го немавме во Лигата на шампионите и го плативме цехот“, рекол тренерот на „јорганџиите“.
Атлетико Мадрид по осум години нема да игра во нокаут фазата во Лигата на шампиони.
„Екипата играше добро. Поразени бевме само на еден меч и тоа во 93.минута. На победникот на групата (Рома) му зедовме повеќе бодови отколку на Карабаг“, заклучил Симеоне.