Top Sport

ФИФА ја крена суспензијата на Кувајт

Кувајт може да се врати на интернационалните фудбалски натпреварување по отсуство од повеќе од две години, откако ФИФА реши да ја крене суспензијата на националната фудбалска федерација.

Кувајт беше суспендиран во октомври 2015 по законот со кој ФИФА сметаше дека владата се меша во независноста на работата на националната федерација.

„Кувајтскиот парламент усвои нов закон за спортот, кој го заменува претходниот и направени се потребните промени за да се почитува статутот на ФИФА“, се вели во соопштението на ФИФА.

Суспензијата значеше дека Кувајт не можеше да учествува на квалификациите за Светското првенство во Русија.

Scroll to Top