Фудбалерот на Викомб Вондерерс, Џо Џејкобсон, никогаш нема да го заборави натпреварот кој неговиот тим го одигра минатиот викенд против Линколн, во Лига 1.
Нормално е кога играч на еден натпревар ќе постигне хет-трик, но начинот на којшто Џејкобсон стигна до него е за фудбалските алманаси.
Играчот на Викомб еден гол постигна од слободен удар, а два од директно од корнер!
За потврда на хет-трикот, тој морал да чека 48 часа, бидејќи ја чекал одлуката дали еден од двата гола постигнати од корнер бил авто-гол.