Top Sport

Наградата на Мекларен ја доби јуниор на Ред бул!

Тимот на Мекларен се најде во незгодна ситуација откако младиот Британец Ден Тиктам, член на младинската програма на Ред бул, ја освои наградата со која традиционално следува тестирање со симулаторот во тимот во 2018 година.

18-годишниот Тиктам е добитник на престижната награда која ја доделуваат „Аутоспорт“, Мекларен и Британскиот тркачки клуб (БРДЦ), а која претходно ја имаат добиено Дејвид Култард, Џенсон Батон и Дарио Франкити. Минатогодишниот победник, Лендо Норис, сега е трет возач на Мекларен.

Како дел од наградата тој треба да добие тест со Формула 1 болид на Мекларен од 2013 година, но и работа на симулаторот во Вокинг во текот на целата идна година. Тиктам беше еден од четирите номинирани за наградата.

Се верува дека Мекларен нема шанси да му даде на Тиктам да вози во симулаторот поради врската со еден од наголемите ривали, така што наградата ќе биде само возење на стариот болид од 2013 гоидна.

За самиот Тиктам ова е фантастичен пресврт во кариерата. Англичанецот доби суспензија од две години за инцидент на МСА Формула трката во 2015 година, кога претекна 10 ривали под безбедносно возило за да се удри во ривал со кој претходно имаше контакт. Неговата суспензија потоа беше намалена на една година и тој се врати на тркањето во 2015, пред да добие улога во Ред Бул.

Оваа година тој победи на славното Макау ГП и планира да вози цела Формула 3 сезона во 2018 година.

Макау ГП: Тиктам наследи победа откако лидерите се судрија на последната кривина (видео)

Scroll to Top