Top Sport

Златан при пристигнувањето во Јунајтед: Се надевам дека знаете дека Господ пристигна!

Хуан Мата откри како „влетал“ Златан Ибрахимовиќ во тимот на Манчестер јунајтед и кои биле неговите први зборови кога пристигнал во клубот.

„Денот кога пристигна во Јунајтед, бевме во пред-сезона, така што тој беше сам со придружниот персонал на тренинг-теренот. Тие никогаш го немаа сретнато претходно, а нормално, Златан е човек кој сака инстант-почитување поради своето однесување. ‘Се надевам дека знаете дека Господ пристигна!’ Луѓето се тресеа бидејќи не знаеја што да мислат, по што тој се смееше со нив. Секогаш го прави тоа“, вели Мата во интервју за „Фор фор ту“.

Ибрахимовиќ пристигна во Јунајтед на слободен трансфер од Пари Сен-Жермен во летото 2016 година, и во својата прва сезона имаше толку големо влијание што доби продолжување на 12 месеци и покрај тоа што имаше сериозна повреда на коленото. 36-годишниот Швеѓанец имаше 28 гола во 46 натпревари пред да се повреди во април, по што својот кам-бек го имаше седум месеци подоцна.

Scroll to Top