Давиде Никола повеќе не е тренер на калчолигашот Кротоне. Никола поднел оставка на функцијата поради несогласувањата со раководството на клубот.
Клубот од Калабрија се наоѓа на 16.место во Серија А со 12 бода, односно се наоѓа на само два бода од опасната зона.
Кротоне има серија од четири порази во првенството.
Давиде Никола Кротоне го предводеше и во минатата сезона кога успеа да избори опстанок.