Богдан Богдановиќ единствен од репрезентативците на Србија беше на потребното ниво на Светското првенство во Кина. Србите заминаа со големи амбиции на далечниот Исток, а на крајот го освоија петтото место.
Богдановиќ е прв стрелец на турнирот, во просек по по натпревар постигнал 22,9 поени. Бекот на Сакраменто на турнирот уфрлил 35 тројки од 66 обиди.
Интересно тој сам постигнал повеќе тројки од седум репрезентации, а има идентичен учинок со селекцијата на Ангола.
Изнанедувачки е што Богдановиќ постигнал повеќе тројки од традиционално добрите Литванци во овој сегмент.
Српскиот кошаркар постигнал повеќе тројки од Домиканската Република (33), Јордан (32, Сенегал (30), Јапонија (27), Кина (27), Порторико (25) и Литванија (23).