Лионел Меси го пофали својот најстар син Тијаго како „феномен“ кога се работи за неговите фудбалски квалитети, но вели дека воопшто нема високи очекувања од вториот син Матео.
Петгодишниот Тијаго и двегодишниот Матео дефинитивно ги имаат фудбалските гени и бидејќи растат во фудбалско опкружување може да се очекува дека имаат многу допирни точки со топката. 30-годишниот Меси признава дека се обидува рано да ги внесе во фудбалот, и досегашните знаци велат дека Тијаго Меси може да стане фудбалер, но не и Матео Меси.
„Многу се различни. Тијаго е феномен, навистина добар. Другиот? Тој е целосна спротивност, вистински кучкин син“, изјави Меси.
„Hijo de puta“ на шпански се користи поинаку отколку на македонски, и овој израз беше кажан како осуда за неговите квалитети, а не како директна навреда за сопругата Антонела Рокуцо.
„Матео е ужасен, но добро е да се види колку се различни. Матео игра фудбал со десна нога, координиран е и има добар шут. Но, уште е мал. Тијаго сака автомобили, мотоцикли, но и фудбал. Но, бргу се уморува“, оценува Меси.
Тој исто така зборуваше и за уште еден посебен пријател, Бенха, синот на колегата Луис Суарез.
„Тијаго и Бенха се на иста возраст и се луди по фудбалот. Бенха сака да гледа фудбал, да игра фудбал, ги знае сите играчи“, додава Меси.