Кариерата на Лорис Кариус никако да се опорави по катастрофалните киксови во финалето на ЛШ пред две сезони, и германскиот голман повторно се „прослави“, овојпат во дресот на Бешикташ во дуел со Слован Братислава во Лига Европа.
Кариерата на Кариус како голман на Ливерпул практично заврши по тоа финале во Киев, во кое Реал Мадрид стигна до 3:1 победа поради двете огромни грешки на германскиот голман за кои тој потоа се правдаше дека се последица од потрес на мозокот по судирот со Серхио Рамос, но овојпат тој нема изговор.
Кариус реши да излезе „херојски“ далеку од својот шестнаесетник, дозволувајќи му на Шпорар да донесе водство за словачкиот тим. Бешикташ за среќа до крајот на полувремето израмни со гол од пенал на Адем Љаиќ.
LORIS KARIUS HAS DONE IT AGAIN.
WHAT A LEGEND! ???pic.twitter.com/1JhUE74bva
— Football HQ (@FootbaII_HQ) September 19, 2019