ЛА Лејкерс, Вашингтон и Хјустон како гости забележаа победи на синоќешните натпревари во НБА лигата. Ќеста на домаќините ја спаси Бруклин кој славеше над Оклахома.
Лејкерси славеа во Филаделфија 107:104, благодарение на тројката на Брендон Инграм постигната во последната секунда од натпреварот.
Токму Инграм ги предводеше „езерџиите“ со 21 поен, 7 скока и 6 асистенции, а по 16 кошеви уфрлија Џулиус Рендл и Џереми Кларксон.
Лејкерси со оваа победа ја прекинаа лошата низа од пет порази.
Најефикасни играчи во тимот на Филалдлефија беа Џоел Ембид со 33 поени, 7 скока и 6 асистенции, Роберт Ковингтон со 19, а трипл-дабл забележа Бен Симонс (12 поени, 13 скока, 15 аситенции).
Хјустон во Солт Лејк Сити ја забележа 19.сезонска победа. Лидерот во Западната конференција ја победи Јута со 112:101. Џејмс Харден постигна 29 поени, а Крис Пол беше на еден скок „трип-дабл“ (18 поени, 13 асистенции, 9 скока).
Хјустон е втор во лигата зад најдобриот тим на Истокот Бостон Селтикс.
Вашингтон славеше победа во Феникс 109:99 благодарение на Бредли Бил кој постигна 34 поени. Ти-Џеј Ворен го предводеше Феникс со 23 поени и 8 скока.
Бруклин ја совлада Окалхома 100:95. Крис Леверт беше најефикасен кај Нетс со 21 поен и 10 скока, додека кај Оклахома се истакна Расел Вестбрук со 31 поен, 8 скока и 6 асистенции.