Top Sport

Серена Вилијамс ќе ја брани титулата во Мелбурн

Американката Серена Вилијамс ќе ја брани титулата на Аустралијан Опен, потврдија организаторите на првиот Гренд слем во сезоната.

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, која освои шест титули на последните 10 Гренд слем турнири, по паузата поради бременост ќе му се врати на теренот.

Серена, минатата година во Мелбурн ја освои титулата, а дури потоа објави дека додека играла на Аустралијан Опен била бремена.

Со таа титула таа ја престигна Штефи Граф и се издвои на првото место на листата на најуспешните тенисерки на Гренд слем турнирите во опен ерата, додека во генералниот пласман трофеј повеќе има Маргарет Корт.

Scroll to Top