Top Sport

Навивач на Црвена звезда починал чекајќи европска пролет: Инсистирал да влезе на стадионот

Историскиот успех на фудбалерите на Црвена звезда, која со победата над Келн по 25 години избори европска пролет, донесе и трагична смрт на еден нанвивач.

60-годишен навивач на Црвена звезда од Стара Пазова, поради срцеви проблеми починал на стадионот.

Според информациите на српските медиуми, на навивачот не му било добро уште на самиот влез, но тој не ги послушал лекарските совети да не оди на натпреварот.

Желбата да биде сведок на нешто што последен пат го доживеал кога имал 35 години го чинеше живот. Во текот на натпреварот повторно му се слошило и тој починал. Лекарската екипа за три минути го пренеле на клиниката „Анлаве“ се обиделе да го реанимираат, но сите обиди завршиле неуспешно.

Починатиот навивач не проживеа да го види пласманот на неговиот омилен тим во нокаут фазата во Лига Европа, но го видел голот на Срниќ во 22.минута со кој Црвена звезда го победи Келн со 1:0.

По 40 минути од голот на Срниќ на несреќниот навивач повторно му се слошило и тој починал на стадионот.

Scroll to Top