Top Sport

Вардар последен според домашната посета во Лига Европа

Фудбалерите во својот деби настап во Лига Европа ја имаше најслабата посета на трите натпревари во ова натпреварување. Од друга страна најдобра посета има белградска Црвена звезда.

Вардар во групата Л ги пречека Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, а овие натпревари на „Филип Втори“ вкупно ги гледале 38.210 фанови.

Од друга страна Црвена звезда на своите три натпревари против Арсенал, Келн и БАТЕ Борисов собрала 143.975 голедачи.

Според УЕФА групата Х во која играше белградскиот тим била најгледана, бидејќи според посетеноста Арсенал е на второто место (143:553), а Келн е на третото место со 135.400 навивачи на натпреварите.

Во Топ 10 тимовите, според посетеноста на натпреварите на домашен терен, се наоѓаат ривалите на Вардар, Зенит и Реал Сосиедад.

Гостувањето на Вардар во Санкт Петрбург го гледале 46.211 навивачи, а дуелот во Сан Себастијан против Сосиедад го виделе 20. 609.

Најгледани тимови во фазата по групи во Лига Европа:

1. Црвена звезда 143.975
2. Арсенал 143.553
3. Келн 135.400
4. Зенит 134.894
5. Атлетик Билбао 103.744
6. Лион 102.790
7. АЕК 84.054
8. Евертон 71.624
9. Милан 62.661
10. Реал Сосиедад 59.300

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top