Top Sport

Премиер лигата повеќе нема да се игра во сабота од 16 часот

Термините на натпреварите во Англија ќе доживеат големи промени, а најзначајната е онаа која вели дека од 2019 година ќе биде укинат традиционалниот саботен термин од 16 часот.

Според новиот ТВ договор во сабота, во Премиер лигата, ќе се играат 32 натпревари од 13:30 часот и исто токлу натпревари кои ќе започнуваат во 18:30 часот. Низ сезоната е предвидено да има осум натпревари кои ќе се играат во ноќниот термин од 20:45 часот.

Во недела, во текот на сезоната 24 натпревари ќе се играат во терминот од 15 часот, а 32 во терминот од 17:30 часот. Натпреварите во работните денови ќе се играат од 20:30 или 21 часот.

Во живо ќе можат да се следат 200 од 380 натпревари, што ќе биде за 42 отсто повеќе во однос на оваа и наредната сезона.

Овие правила ќе важат до 2022 година.

Scroll to Top