Еден од најдобрите англиски фудбалери Рахим Стерлинг од својот клуб Манчестер сити ќе добиел понуда да потпише нов договор. Сите биле подготвени да го направат Стерлинг еден од најплатените играчи во светот.
Рахим Стерлинг има договор со Сити до јуни 2023 година. Во претходните две сезони игра на виско ниво, забележал 36 гола и 21 асистенција.
Англиските медиуми пишуваат дека Стерлинг летово имал сериозни преговори со Реал Мадрид. Наводно тој имал желба во иднина да го носи дресот на „кралскиот клуб“.
Поради интересот на Реал и желбата што ја имал фудбалерот Сити ќе се обидат со новиот договор да му ја зголемат откупната клаузула.