Top Sport

Надал искрен: Титулата од Њујорк ме „уништи“

Рафаел Надал вели дека повредата на дланката која го спречи во неделата да игра во Лејвер купот во Женева не би требало да биде доволно сериозна за да ја прекрати неговата одлична сезона, во која освои две гренд слем титули.

Надал одигра два меча на првиот ден на Лејвер купот, и признава дека напорниот пат до титулата од САД опен во Њујорк влијаел на неговата физичка форма, но се надева дека ќе се врати на Мастерсот во Шангај.

„Прво не се работи за зглобот, туку за дланката. Имам мало воспаление. По Њујорк имав мал проблем по финалето и навистина беше напорно. Во саботата пиев апчиња за да можам да играм, но не помогна многу. Имаше момци кои можеа да ја завршат работата и без мене, Доминик Тим и Стефанос Циципас“, вели Надал.

Scroll to Top