ФИФА вчера ги прогласи најдобрите во 2019 година. На церемонијата во Милано престижната награда му припадна на Лионел Меси, кој зад себе ги остави Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.
Паралелно со изборот на ФИФА, влијателниот шпански спортски медиум „Марка“ организира избор за најлош фудбалер на годината. Изборот е едноставно наречен „The Worst“ (најлоши).
Многу познати имиња се најдоа на оваа листа. Кутињо, Пасторе, Промес, Фил Џонс, Лихштајнер, Ренато Санчез…Најмногу гласови собраа голманот Лорис Кариус и Алексис Санчез.
Составен е и „идеалниот“ тим од најлошите играчи. Доколку сакате можете да гласате на следниот ЛИНК