Веселин Вујовиќ се враќа на кормилото на најтрофејниот хрватски клуб, ППД Загреб. На клупата тој ќе го наследи Бранко Тамше кој доби отказ поради лошите резултати, особено по високите порази во Лигата на шампионите од ПСЖ (29:37) и Алборг (20:30).
Миленикот на навивачите на Вардар, во минатото веќе бил тренер на Загреб (2014-2016). Челниците на клубот се надеваат дека Вујовиќ ќе може да ја размрда екипата.
Актуелниот селектор на Словенија, минатата сезона го предводеше тимот на Железничар од Ниш.
На клупата на Загреб Вујовиќ треба да дебитира на 28 септември, во Лигата на шампионите против Барселона.
foto/epa