Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо со одлични перформанси на стрелиштето стигна до втора победа во новата сезона од Светскиот куп во биатлон, победувајќи на 10 километарскиот спринт во Хохфилцен, Австрија.
Норвежанецот имаше време од 24:18.40 без утка на стрелиштето за да го победи шампионот од Светскиот куп, Мартин Фуркад, кој исто така беше совршен со пушката. Третото место го освои Словенецот Јаков Фак.
Ова е 15. победа од СК во биатлон за Бо, од кои 10 се остварени во спринтерски трки.
Johannes Thingnes Boe/Martin Fourcade/FAK Jakov are your Top 3 of the day.⁰Rewatch the entire #HOC17 IBU Men 10km Sprint Competition here: https://t.co/Z1cUg23KzH pic.twitter.com/6FgpLJU2Jn
— IBU World Cup (@IBU_WC) December 8, 2017
„Секогаш е подобро да бидеш прв наместо втор. Имав среќа што стрелав добро“, вели Бо.
Женскиот спринт на 7.5 километри отиде кај Белорусинката Дарја Домрачева, која до својата 29. победа во кариерата стигна во тешки услови со снег и силен ветер во австрискиот ски-центар. Второто место го освои Русинката со словачки пасош, Анастасија Кузмина, додека трета беше Германката Доротеја Вирер. Ова е прва победа за Домрачева по пауза од две години и доаѓа во совршено време, пред стартот на олимписките подготовки.
what a day for @DaryaDomracheva back to winning, but terrific performances by Kuzmina and @Fisiofficial Wierer in #HOC17 you can rewatch it on https://t.co/Z1cUg23KzH pic.twitter.com/VzNnxTwf1I
— IBU World Cup (@IBU_WC) December 8, 2017