Четирикратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон открива дека по Унгарското ГП си ветил дека никогаш нема да го пропушти својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Хамилтон загуби во квалификациите од Ботас на патеката Хунгароринг, но му беше дозволено да го помине за да се бори со болидите на Ферари пред него. Без шанса за борба, Хамилтон го предаде третото место на Ботас пред финишот.
Сега, Англичанецот открива дека тоа било „пресвртна“ точка во сезоната – прво бидејќи се помогнало за хармонија во Мерцедес, но и поради ветувањето кое си го дал самиот себеси дека нема да има тимски наредби во иднина.
„Направивме голема работа за тимот и тоа имаше позитивно влијание. Заминав на паузата и ментално си порачав дека никогаш нема да дозволам да бидам во таква ситуација и да дозволам тимот да одлучува дали ќе бидам прв или втор. Од тој момент сфатив дека морам да бидам напред постојано и дека никогаш нема да има ситуација во која Валтери ќе треба да ме пушти“, вели Хамилтон.
По трката во Унгарија, Хамилтон остана на 14 поени зад Фетел, но потоа победи во пет од следните шест трки за да ја обезбеди титулата.