Top Sport

Де Јонг ги одбил ПСЖ и Манчестер сити за да потпише со Барса

Новиот фудбалер од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг вели дека би заминал во Манчестер сити или во Пари Сен-Жермен ова лето да не дојдеше каталонскиот тим со понуда.

22-годишниот Холанѓанец направи име за себе предводејќи го Ајакс до двојната титула и до полуфиналето од Лигата на шампионите и признава дека постоеле повеќе понуди, но ја избрал Барселона не поради парите, туку поради стилот на игра.

„Да не беше Барса, иако ми е тешко сега да кажам, ќе беше ПСЖ или Сити. Парите? Не е во ред да зборувам за парите, бидејќи тоа не беше моја работа. Парите никогаш не беа тема на разговори со мене, тоа го решаваше агентот. Најважно беше како Барселона пријдоа кон мене, нивните планови за мене. Разговарав со семејството и со агентот и го избравме тимот за мене. Кога Јохан Кројф дојде во Барселона, привлече многу холандски симпатии кон клубот. Холанѓаните сакаат добар фудбал, а Барселона секогаш играла таков“, вели Де Јонг.

Scroll to Top