Гласовите од Фудбалскиот сојуз на Египет во изборот на „ФИФА Бест“ не биле прифатени бидејќи биле напишани со големи букви, соопштија од Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Наградата на ФИФА ја доби Лионел Меси, а во најтесниот круг беа уште Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.
Сепак, во деновите по доделувањето на наградите „ФИФА Бест“ се јавија неколкумина кои тврдат дека не гласале онака како што прикажале од ФИФА.
Според она што го објави ФИФА, ги нема гласовите на селекторот и капитенот на Египет. Мохамед Салах незадоволството го искажал на социјалните мрежи, иако селекторот Шавки Гариб и капитенот Ахме Елмухамеди тврдат дека гласале за најдобриот египетски фудбалер.
ФИФА се јавија со помалку бизарно објаснување.
„Имињата на формуларите за гласање беа напишани со големи букви што не е според прописите“, се наведува во објаснувањето.
Исто така од ФИФА тврдат дека гласовите од Египет не ги потпишал генералниот секретар на Сојузот.
Гласањето и броењето на гласовите ги надгледувал независен набљудувач од Швајцарија.