Прашање на денот е кога челниците на Милан ќе му врачат отказ на тренерот Марко Џанпаоло. Според италијанските медиуми и да ја победи Фиорентина викендов во Милано, тренерот ќе биде отпуштен.
Прашање е кој може да биде наследникот на Џанпаоло? Во игра биле две имиња. Лучано Спалети минатата сезона го предводеше Интер, доби отказ но остана на платниот список. Спалети уште 18 месеци ќе добива плата од Интер. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Доколку ја прифати понудата од Милан тој ќе остане без овие пари.
Во слична ситуација е и Масимилијано Алегри. Тој повеќе не е тренер на Јувентус, но од клубот добива плата.
Покрај со тренерските имиња медиумите шпекулираат и имињата на евентуалните засилувања.
Најавуваат дека во јануари клубот ќе се обиде да ги донесе Родриго Де Паул од Удинезе и Тајсон од Шахтјор. Овие двајца се поврзуваа со Милан и во летниот преоден рок.