Top Sport

Агаси: Штепанек ќе донесе позитивни работи

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси рекол дека ги сака тренерите кои имаат високи цели и дека е добро тоа што Радек Штепанек му се приклучил во тимот на Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер сезоната ја заврши во четврт-финалето на Вимблдон кога на Томаш Бердих му го предаде мечот поради повреда на лактот. Паузата ја искористи целосно да го комлетира својот тим, а последен кој му се приклучи е поранешниот чешки тенисер.

„Според моето искиство најдобри тренер во светот се оние кои имаат највисоки амбиции. Таквите тренери ќе изнајдат начин да се прилагодат, да импровизираат, да ги надминат пречките. Ќе извлечат мајмногу и од недостатоците. Силната работна етика и успешните години, односно добриот дух е она што ќе ни го донесе Радек“, рекол Агаси.

Новак Ѓоковиќ на тениските терени ќе се врати на турнирот во Доха.

Ангажманот на Штепанек само е потврда дека Агаси нема да биде со Ѓоковиќ во текот на целата сезона, туку ќе биде присутен само на најголемите турнири.

Агаси стана тренер на Ѓоковиќ во мај годинава, пред почетокот на Гренд слемот во Париз, Ролан Гарос.

Scroll to Top