Фудбалерите на Ливерпул и по седмото коло го задржаа максималниот ефект во Премиер лигата. Во натпреварот кој ја отвори седмата рунда, Ливерпул во Шефилд, победија со 1-0.
Играчите на Јирген Клоп беа подобар тим од домаќинот, имаа две сериозни шанси за постигнавање на гол, а на крајот со многу среќа ги освоија трите бода.
Победата на „црвените“ има ја подари голманот на Шефилд Јунајтед, Хендерсон, со несмасна интервенција по ударот на Вајналдум во 70 минута.