Top Sport

Јувентус го договорил Емре Џан

Италијанските медиуми пишуваат дека германскиот репрезентативец и играч на Ливерпул, Емре Џан е нов играч на Јувентус.

„Раи Спорт“ тврди дека работата е завршена и дека Џан веќе потпишал преддоговор со „Старата дама“. Во Торино Германецот со турски корени ќе пристигне по завршувањето на сезоната.

Џан во Јувентус ќе се пресели како слобиден играч бидејќи неговиот договор со Ливерпул важи до крајот на сезоната, но во Италија не ја исклучуваат можноста тој во јануарскиот преоден рок да ја напушти Премиер лигата.

Интерес за германскиот репрезентативец покажале и Реал односно Интер, но како што пишуваат италијанските медиуми, Јувентус испратил најкоректна понуда.

Scroll to Top