Top Sport

Надал и Мугуруса најдобри според ИТФ

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Рафаел Надал и Гарбиње Мугуруса за најдобри во 2017 година.

Надал ова признание го добива трет пат во кариерата, додека Мугуруса прв пат е прогласена за најдобра.

Ова е прв пат по 1998 година, кога најдобри беа Пит Сампрас и Линдзи Девенпорт, наградите ИТФ да им ги додели на тенисери од иста земја.

Надал со 31 година стана највозрасниот тенисер кој ја добил наградата. Тој оваа сезона освои шест титули, меѓу кои е и рекордната десетта на Ролан Гарос.

Мугуруса е првата шпанска тенисерка која е прогласена за Најдобра по пауза од 23 години, кога наградата ја доби Аранча Санчез Викарио.

Таа на сезонава ја освои титулата на најпрестижниот Гренд слем, Вимблдон, а годината ја заврши на второто место зад Симона Халеп.

Scroll to Top