Top Sport

Питер Крауч за Просинечки: Тој не се делеше од цигарите (Видео)

Питер Крауч, напаѓачот на Стоук, во интервју за „4-4-2“ говорел за своите почетоци и се потсетил на период докдека бил соиграч со Роберт Просонечки. Просинечки легенда на југословенскиот фудбал и на Црвенз звезда остана запаметен како голем мајстор и како страствен пушач.

„Просинечки? Тој не се делеше од цигарите. Пушеше пред натпревар, на полувреме, додека се тушираше, после натпреварот…И тоа пуштет јаки цигари, црвено Марлборо“, рекол Крауч.

Крауч и Просинечки биле соиграчи во сезоната 2001/2002 во Портсмут.

„Неверојатен лик. Мислам дека таа сезона постигнав некаде 19 гола, а мислам дека при секој ми асистираше Просинечки. Не зборуваше многу, разбираше англиски, а не сакаше да го зборува. Кога ќе разговаравте со него ќе ви одговореше на совршен англиски, но ако му кажевте да се врати во одбрана тогаш ќе ви кажеше дека не ве разбира“, рекол Крауч.

Scroll to Top