Оле Гунар Солскјер побара трпение од навивачите на Манчестер јунајтед, велејќи дека ќе продолжи со својата задача да „изгради“ нов тим, откако клубот освои само шест поени во првите осум меча во Премиер лигата, а за титула се чека од 2013 година.
Солскјер, кој минатиот декември беше поставен како преоден менаџер по отказот за Жозе Мурињо, вели дека тој никогаш не ветувал дека веднаш ќе ги реши проблемите, и побара да му се даде време.
„Веќе немаме ситуација како лани и може да се забележи дека не ни недостасува желба за победа. Но, градиме нова култура, нов тим, сите заедно. Дали ова е работата која ја очекував? Секако! Никогаш не велев дека има брзо решение, одиме чекор по чекор. Има некои незгодни работи пред нас, но Рим не бил изграден за еден ден. Потребно ни е време, а односот на момците е одличен“, вели Солскјер.
Тој додава дека летните засилувања, Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс, кои имаат по 21 година, ќе бидат клучни играчи за иднината на клубот, заедно со Хери Мегвајр.
„Работата е важна, но позначајно е да работиш исправно. Ако ги погледнете Арон и Ден, кои имаат по 21 година, тие се одлични. Не очекувам да се лидери, но тие се иднината на клубот. Рој Кин кажал дека сум лут? Како да не бидам лут кога ќе загубам меч. Но, одиме напред“, вели Солскјер.