Славната фудбалска школа на Барселона, „Ла Масија“ во минатото произведе неверојатни фудбалски таленти, а сега на оваа листа е блиску да се запише 20-годишниот Алекс Колјадо, кој постигна неверојатен гол против Атлетико Леванте, кој веднаш му донесе споредби со Лео Меси.
Младиот Шпанец ја собра топката од десната страна и откако фантастично помина четири дефанзивни фудбалери (од кои на двајца им ја протна топката меѓу нозе), дриблингот го реши со гол со петица.
Фантастичниот гол падна во 90. минута од мечот и помогна Барса Б да стигне до 2:0 победа над Леванте.
? El golàs d’Álex Collado
? El golazo de Collado
? Estadi Johan Cruyff pic.twitter.com/Ka0VbR47UK— FC Barcelona B (@FCBarcelonaB) September 29, 2019