Иако свадбата е закажана за 19 октомври во Мајорка, Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка, Марија Франциска Перелјо ја искористија паузата во тениската сезона за „меден месец“ пред свадба на Бахамите.
Карипските острови се омилено место за одмор на Надал, кој повеќе пати беше на Бахамите, прво со своето семејство, а потоа сам во август откако триумфираше на Роџерс купот во Монтреал. Со нив овојпат е и блискиот пријател на Надал, Томеу Салва.
Планот на Надал е да го „прескокне“ Мастерсот во Шангај и да се врати на АТП турнејата една недела по свадбата на Мастерсот во Париз, по што следува и настапот на финалето на АТП турнејата во „О2 арената“ во Лондон.