Top Sport

Ферстапен го слави 22. роденден, а во САД ќе ја вози 100. трка!

Макс Ферстапен немаше најдобар викенд на Руското ГП во Сочи, каде што уште еднаш се докажаа сите мани и недостатоци на неговиот Ред бул, но денеска ќе има шанса да го прослави својот 22. роденден, потсетувајќи не колку е всушност тој млад иако зад себе има веќе огромно искуство.

Пред десетина години на оваа возраст повеќето возачи ја започнуваа кариерата – Луис Хамилтон имаше 22 години кога дебитираше за Мекларен во 2007, но од Ферстапен има само девет возачи кои се поискусни, тој ќе ја вози својата 100. трка во Остин на Американското ГП.

Во Ред бул постојано изјавуваа дека сакаат да го направат Холанѓанецот најмладиот светски шампион, но да се случи тоа, тој мора да ја освои титулата веќе следната година.

Scroll to Top