Европските одбојкарски шампини, репрезентативците на Србија по освојувањето на златото на ЕП стигнаа во Белград каде беа дочекани на прочуениот „балкон“.
По неверојатниот успех во вчерашното финале против Словенија (победа од 3-1), полуларните „орли“ вечерва се појавија „на балконот“ неколку илјади еуфорични навивачи кои сакаа да ги поздрават своите херои.
Во феноменална атмосфера, со овации, аплаузи, бакљи и заедничко пеење беа поздравени европските одбојкарски шампиони.
Погледнете ја атмосферата што ја долови државната телевизија на Србија.
За потсетување, неодамна и одбојкарките на Србија вторпат во низа станаа шампионки на Европа.