Последниот натпревар од шестото коло во италијанската Серија А меѓу Парма и Торино им припадна на домаќините со 3-2.
Многу рано уште во втората минута, нашинецот Дејан Кулушевски погоди за 1-0.
Само 10 минути подоцна Ансалди носи израмнување на 1-1.
Во 29 минута госстинскиот играч Бремер играше со рака во 16-никот, доби втор жолт картон, а Парма пенал. Неуспешен од белата точка беше Жервињо.
Во 43 минута, повторно пенал, овојпат за Торино. Сигурен реализатор Белоти за 1-2.
Во последните моменти од првиот дел Парме преку Корнелиус стигна до реми 2-2.
Во вториот дел домаќините имаа повеќе од играта, а сето тоа вроди со плод во 88 минута кога Инглезе ги постави конечните 3-2.
Со овој резултат двата тима се израмнија со по 9 бода на табелата, со по 3 победи и исто толку порази.
https://youtube.com/watch?v=iD5XYcAn4LI