Top Sport

Панчев: Каков Папен, Златната топка требаше да ја земам јас или Савиќевиќ

Дарко Панчев, поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, во интервју за бугарскиот „Спортал“, рекол дека една година по освојувањето на титулата во Купот на шампионите УЕФА не му дозволиле на клубот да игра уште едно финале.

„Натпреварувањето беше силно, ни беше тешко што цело време игравме надвор од Белград. УЕФА не ѝ дозволи на Црвена ѕвезда повторно да игра финале. Тоа ќе беше голем удар за нив бидејќи ќе покажевме дека сме посилни од се, посилни од нивните санкции и законски неправди“, рекол Панчев.

„Златната копачка“ на Европа во 1991 година „неправда“ ја нарекол одлуката на УЕФА таа сезона наградата за најдобар фудбалер во Европа да не му припадне на фудбалер на Црвена ѕвезда.

„Мислам дека е нормално најдобриот европски клуб да го има и најдобриот играч, кој ќе ја добие „Златната топка“. За жал тоа не се случи 1991 година. Тоа беше последица на големото влијание што француските медиуми го имаа во УЕФА, но и влијанието што го имаше „Адидас“. УЕФА и „Адидас“ заедно ја доделуваа наградата. Наместо наградата да ми припадне мене или на Дејан Савиќевиќ „Златната топка“ замина кај Жан-Пјер Папен. Неправда“, истакнал Панчев.

Scroll to Top