Top Sport

Петмина тренери ги одбиле Малдини и Бобан во последните 48 часа

Италијанскиот фудбалски великан Милан се наоѓа во голема криза. Четири порази во првите шест кола се доволна причина медиумите да започнат со „барање“ на нов тренер.

Марко Џампаоло очигледно не е човекот што ќе може да го врати победничкиот менталитет на „Сан Сиро“. Играчкиот кадар е дискутабилен, тука нема вина кај тренерот, но негова одговорност е како тимот делува на теренот.

Фиорентина, предводена од ветеранот Франк Рибери, ги растури избраниците на Џампаоло.

Медиумире во Италија шпекулираат дека во последните 48 часа петмина тренери ги одбиле челниците на Милан, Паоло Малдини и Зовонимир Бобан.

Наводно прво го контактирале Андриј Шевченко. Актуелниот селектор на Украина ги одбил, има реални шанси да избори пласман на ЕУРО 2020.

„Корпа“ добиле и од тренерот кој на Милан му ја донесе последната титула во Серија А, Масимилијано Алегри. Екс-тренерот на Јувентус имал желба да работи во Англија.

Во очај тие го контактирале и Џенаро Гатузо, на чие место дојде Џампаоло. Гатузо бил лут и ја одбил понудата.

На листата бил и Клаудио Раниеро, но тој барал повеќе годишен договор, што не им се допаднало на Малдини и Бобан.

Последна опција им бил поранешниот тренер на Интер, кој се уште прима плата од овој клуб, Лучано Спалети. Тој не сакал да го тренира клубот во овој дел од сезоната и самиот на медиумите им кажал дека нема да биде тренер на Милан.

Scroll to Top