Македонскиот селектор го објави списокот на ракометарите кои ќе присуствуваат на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.
Во понеделник, на 23 октомври во хотелот „Александар Палас“ се повикани 21 ракометари, а меѓу повратниците во составот е играчот на Бешикташ, Немања Прибак.
ЕХФ неделата ќе се искористи за формирање на тактиката и подготовки, бидејќи македонската репрезентација нема да одигра ниту еден пријателски натпревар. Ова може да се смета за старт на подготовките за Европското првенство во Хрватска во јануари.
СОСТАВ НА МАКЕДОНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски