Top Sport

Медведев: Го мразев Федерер, сакав да кршам рекети како Сафин!

Новата руска тениска ѕвезда, Данил Медведев откри дека додека раснел во Русија, Роџер Федерер не му бил омилениот тенисер, туку дека целата инспирација ја црпел од поранешниот грендс лем шампион и негов сонародник Марат Сафин.

„Почнав да ги гледам мечевите на Марат и навистина сакав да бидам како него, само да кршам рекети. Пораснав со неговиот тенис и неговото влијание во Русија беше огромно. Кога имав 10 години навистина го мразев Федерер. Постојано навивав против него, за да загуби“, вели Медведев.

23-годишниот московјанин вели дека тој и неговото семејство сфатиле дека тој може да биде добар тенисер во 2014 година, кога престанал да оди во средно школо.

„Мајка ми постојано сакаше да продолжам со школото, но ако престанев порано можеби ќе бев и подобар. Во Русија ние си го плаќавме тимот кој го носевме со нас. Добив 50.000 долари бонус од АТП за развој на кариерата, но кога ќе трошиш 30.000 евра месечно на авионски летови, хотели и храна, сфаќаш дека тоа не се многу пари“, додава Медведев.

Scroll to Top