Реал вчера направија голем кикс во Лигата на шампионите, откако одиграа 2-2 во Мадрид против Клуб Бриж. Белгијците имаа два гола предност по првиот дел, а Реал од пораз ги спасија Рамос и Каземиро.
Она што е тема во шпанските медиуми е измената што ја направи Зинедин Зидан во полувремето. Тренерот на Реал го остави голманот Тибо Куртоа во соблекувалната, а на неговото место влезе Алфонс Ареола.
Младиот Французин го спаси тимот кога на стрелецот на двата гола за Бриж, Денис, му одбрани „мртва шанса“ при резултат 0-2.
Наводно Зодан имал добра причина да го остави Куртоа во соблекувалната. Белгиецот се жалел на болки во стомакот, а дури и повраќал.
Куртоа минатото лето за 35 милиони евра од Челси се пресели во Реал, меѓутоа никако не може да ја фати вистинската форма, иако е прв избор на голманската позиција.