Братот на кошаркарската ѕвезда Никола Јокиќ, Страхиња (37), бил уапсен во Денвер под сомнение дека нападнал една жена.
Како што објави „Денвер Пост“, Страхиња бил пијан кога во апартман нападнал една жена, која се обидела да избега но тој не и го дозволил тоа. Таа потоа излегла на балконот барајќи помош, но братот на кошаркарот ја нападнал и започнал да е дави.
Таа не успеала да се јави во полиција бидејќи Јокиќ и го одзел телефонот.
Таа сепак преку компјутер успеала да алармира еден свој пријател кој ја известил полицијата.
Портпаролката Керолајн Тајлер изјавила дека обвинителството ги прифатило обвинувањата за напад од втор степен.
Инаку, кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, има двајца постари браќа , кои живеат со него во САД. Никола многу пати го истакнувал нивното влијание во неговата професионална кариера. Браќата на Јокиќ не пропуштаа ниту еден негов натпревар во НБА.
Breaking: Nikola Jokic's brother arrested on suspicion of assault for choking, pushing woman https://t.co/32rSWzLgCd
— Mike Singer (@msinger) October 1, 2019