Top Sport

Рио Фердинанд: Кејн мора да замине од Тотенхем

Баерн Минхен синоќа го декласираа Тотенхем во рамките од второто коло во Б-групата, во Лигата на шампионите. Среде Лондон, Баварците предводени од Серж Гнабри, победија со 7-2.

Дуелот со Баерн на површина ги исфрли сите проблеми со кои се соочува Тотенхем, иако менаџерот Маурицио Покетино рекол дека „се што шутнаа влезе во голот“.

Јасно е дека Тотенхем не се ниту сенка од оној тим кој успеа минатата сезона да стигне до финалето во Лигата на шампионите.

Екипата на Покетино освои бод во двата натпревари во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата имаат веќе десет бода помалку од Ливерпул.

Анализирајќи ја катастрофата на Тотенхем, Рио Ферднанд, упатил порака за капитенот на овој тим Хари Кејн.

„Го гледам Кејнни се прашувам: ‘Зошто играш? Сакаш да бидеш најголема ѕвезда на еден клуб или сакаш да освојуваш трофеи?’Дали Тотенхем изгледаат како тим што може да освојуваат трофеи?“, рекол Фердинад и продолжил.

„Мислам дека не можат. Пред неколку години беа подобар тим. Лидс е сличен пример, играв полу-финале во Лигата на шампионите, малку фалеше да ја освоиме Премиер лигата, но мислев дека имам поголеми шанси доколку заминам. Бргу ја донесов одлуката да заминам и да освојувам трофеи“.

„Хари Кејн веројатно размислува на оваа тема. Потребни му се брзи одговори. Има 26 години и мал број на можности“, рекол поранешниот ас на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top